(ВИДЕО) Гори фабриката Макпрогрес каде се произведува брендот Винчини

Вечерва во 18:40 избувна пожар во фабриката Макпрогрес во Виница. Повеќе од два часа противпожарни екипи од Виница и Кочани се обидуваат да го изгаснат пожарот кој зафати еден погон во фабриката која се наоѓа на влезот од градот.

Во фабриката се произведува и познатиот бренд Винчини, а ова ќе биде дефинитивно огромен удар и за македонската економија ако се знае дека речиси целото производство во фабриката е наменето за извоз.

Од ЦУК наведуваат дека кон градот се тргнати и екипи од Струмица, Радовиш, Свети Николе и околните градови.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви.

 

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава