За МРТВ

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

Веќе подолго време телевизорот ми се “заглави” на МРТВ па би сакал да го кажам следново:

Ги имаме десетици национални телевизии, ама реално – најголемиот дел нудат иста формула: турски и шпански серии, контактни емисии со политика до гуша и едните исти фаци се вртат во круг. Забава со краток рок, без длабочина, без визија.

Само МРТВ отскокнува.

За мене, МРТВ за сите останати национални телевизии е истовремено и Discovery и National Geographic и CNN и Fashion TV и 24Kitchen.

Особено кога станува збор за едукативни, образовни и културни содржини – МРТВ е светски стандард.

Не е секогаш совршена, не е секогаш модерна, ама има вистинска мисија – да информира, едуцира и зачува културен идентитет. Тоа е нешто што денес ретко кој медиум го прави.

Македонската Радио Телевизија останува единствениот јавен сервис со душа.

И тоа вреди да се каже гласно.

Фала!!!

 

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава