Привремени исклучувања на струја во Карпош и Кисела Вода поради технички зафати

Корисници од делови на општините Карпош и Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.

Во периодот од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе биде зградата број 10, влез 1 на улицата „Иван Аговски“ во општина Карпош.

Во општина Кисела Вода, во населбата Пинтија, прекинот ќе трае од 9:00 до 15:00 часот, и тоа на улиците „Јабланица“ и „Саса“.

Од ЕВН апелираат граѓаните однапред да се прилагодат на прекинот и благодарат за разбирањето.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава