Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Зеленски: Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија

23.04.2025 00:08
Сподели

Киев, 22 април 2025 (МИА)  – Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија по воспоставување прекин на огнот, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неговата изјава доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за преговори под исти услови.

– Ние сме подготвени да седнеме (на преговарачка маса) во кој било формат по запирање на огнот, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.

Зеленски додаде дека сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Ватикан, каде што двајцата лидери ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск в сабота.

Банер Банер BrandEcho

– Да, би сакал, подготвен сум. Секогаш сме подготвени за средби со нашите американски партнери, рече украинскиот претседател.

Во моментов, САД водат паралелни разговори со Киев и Москва за прекин на војната.

Зеленски ја даде изјавата во пресрет на новата средба меѓу САД, Украина и европските земји во Лондон, чија цел е да се обезбеди примирје во Украина по повеќе од три години разорна војна.

Вчера, неговиот руски колега Владимир Путин ја остави отворена можноста за преговори за примирје со Украина, со цел да се разговара за ограничен прекин на огнот во однос на цивилната инфраструктура.

Последните преговори меѓу руски и украински претставници се одржаа во пролетта 2022 година, кратко по инвазијата на Кремљ во Украина, но завршија неуспешно.

Дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, оваа недела ќе ја посети руската престолнина. Вечерва, портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, го потврди неговото патување во Москва.

– Се надеваме дека се движиме во вистинската насока, истакна Левит.

Ова ќе биде четвртата посета на Виткоф во Москва од средината на февруари, кога беа обновени руско-американските односи.

Сепак, американскиот државен секретар Марко Рубио утре нема да присуствува на новиот круг преговори за мир во Украина во Лондон, соопшти неговата портпаролка Тами Брус, откако претходно беше најавено дека тој ќе допатува во британската престолнина. Наместо него, во Велика Британија ќе замине специјалниот пратеник на Белата куќа за Русија и Украина, Кит Келог.

Засега не е јасно дали отсуството на Рубио од средбата се должи на намалените очекувања на Вашингтон од неа, откако во саботата американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Киев и Москва ќе постигнат договор уште во текот на оваа недела.

Зеленски денеска нагласи дека Киев не водел разговори со САД за нова воена помош и дека добива само помош од Вашингтон договорена за време на мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден.

– Сè уште немаме постигнато договор со САД за нова помош, ниту разговаравме за детали, изјави Зеленски, додавајќи дека Киев сè уште чека одговор на предлогот за купување на десет системи за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Компанијата Старлинк е подготвена да влезе и на пазарот во БиХ

Амбасадата на САД со порака до Приштина: Длабоко сме разочарани, престанете со сите еднострани акции

Русија започна нова офанзива: 948 дронови нападнаа Украина во сред бел ден

Мелони: Пријателството помеѓу Италија и САД бара почитување

Еден од уапсените за нападите на концертите на Тејлор Свифт во Виена со потекло од Македонија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин е безвреден лидер

Свет

Европската унија воведува забрана за руски течен природен гас до 2027 година

Свет

Анкета: АфД најпопуларна партија во Германија

Свет

Куба алармира: над 32.000 бремени жени загрозени поради недостиг на гориво

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?