ЗНАМ вечерва ја одржува конвенцијата – ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и советници

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва ќе ја одржи својата конвенција, на која ќе бидат промовирани кандидатите за градоначалници и советничките листи за претстојните локални избори.

Од партијата најавуваат дека ќе имаат свои кандидати за градоначалници во најголемата општина во земјата – Куманово, како и во централното градско подрачје на главниот град – Општина Центар.

Исто така, од ЗНАМ информираат дека се поднесени кандидатури со листи на советници во повеќе од 50 општини низ државата, составени, како што велат, од „квалитетни и докажани личности“.

„Време е уште еднаш да покажеме дека знаеме како да обезбедиме подобар живот за граѓаните онаму каде што е најважно – во градовите, селата, населбите и маалата,“ порачаа од партијата.

Оттаму додаваат дека ЗНАМ ќе настапи на изборите со порака за политичка одговорност и чесно управување: „Време е да покажеме дека ЗНАМ е политичка партија што работи со план, одговорно, посветено и чесно.“

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава