110 години од раѓањето на Смилевски – Бато – Спомен домот се распаѓа

ФОТО: makedonijadenes.mk

110 години од раѓањето на Видое Смилевски – Бато, Народен херој на Југославија и некогашен Претседател на Собранието на Народна Република Македонија, неговиот спомен дом во родното село Никифорово е целосно руинирано.

Спомен домот се наоѓа на сред село, веднаш спроти спомен домот на народниот херој Чеде Филиповски – Даме. Распостранет е на површина од 718 метри квадратни. Уште на прв поглед по надворешноста се гледа руинираноста на истиот. Дворот е запустен, јарболите се без знамиња, а недостасува бронзената бистата од влезот која пак е украдена уште пред 10тина години.

Однадвор се гледаат и оштетувања на фасадата, дрвените прозори, влезната врата како и терасата. Внатрешноста изгледа уште поочајно. Недостасува голем дел од изложбениот материјал. Оштетени се бројни документи, книги… Недостасуваат лични работи од Народниот херој, а го нема ниту орденот за Народен херој на Југославија.

Според кажувањата на селаните оваа зграда претходно била изнајмувања, а во неа последно престојувале дрвари.

Видое Смилевски – Бато е роден на 14 август 1915 година во Никифорово. Од 1941 година активно учествува во НОВ, а во 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ. За народен херој бил прогласен на 7 јули 1953 година. По војната постојано е избиран за член на ЦК на СКЈ, а од 1969 година е член на Претседателството на ЦК на СКЈ. Во периодот од 1963 до 1967 година е претседател на Собранието, а неговата должност ја наследува Мито Хаџивасилев – Јасмин. Умира на 8 септември 1979 година во Скопје.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава