А видовте ли какви такси возила има во Ниш!?

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Доколку одите во Ниш она што прво ќе ви падне во око се такси возилата. Речиси и да не може да се забележат такси автомобили постари од 4-5 години, а најчести меѓу нив се од моделите на Тојота. И не било какви Тојота автомобили, туку хибридни. Така често може да се видат такси возила од моделот Toyota C-HR чија цена е над 30 илјади евра. Тука се и бројните возила од моделот RAV4 чија цена во моментов како нов автомобил изнесува над 40 илјади евра. Тука е и целосно електричниот автомобил на Toyota, моделот bZ4X чија цена изнесува над 60 илјади евра.

А не само што има одлични и нови такси автомобили туку и хигиената во нив на одлично ниво.

Само направете споредба со такси возилата и такси превозниците во Македонија. Жално.

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава