Аеродром: Голема екоакција за собирање текстилен отпад

Компанијата „Тексомак“ во соработка со Општина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.

Првиот дел од оваа акција започнува утре, вторник, 8 април. Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации:

ООУ „Лазо Ангеловски“

–       ЈДГОА „Срничка“ (главен објект)

–       ООУ „Љубен Лапе“

–       ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект)

–       ООУ „Браќа Миладиновци“

–       Зад „Капитол мол“(пред влезот на „Рамстор“)

Текстилниот отпад треба да биде добро спакуван во пластични ќеси со цел да се избегне негово оштетување.

Следниот чекор е едукација по училиштата и градинките што ќе се одвива во текот на наредниот период, а датумите ќе бидат дополнително објавени.

Извор: Општина Аеродром

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава