Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

АМСМ со важно предупредување: влажни коловози и опасност од одрони на овие делници

15.04.2026 06:31
Сподели

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по влажни коловози, информира АМСМ во најновиот извештај за состојбата на патиштата, објавен на 15 април 2026 година во 6 часот.

Според информациите, интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од појава на одрони.

Ad image

Како покритични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Банер

Воедно, останува во сила и сезонскиот режим на сообраќај, според кој патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица и натаму е затворен за сите видови возила.

Покрај ова, на повеќе патни делници низ државата се спроведува времен режим на сообраќај поради градежни активности. Од 14 април започнаа работи на државниот пат А2 на делницата Гостивар – Стража, на мостот број 7, Вијадукт на Дол, каде е воведен времен режим поради санација на мостови.

Активни работи има и на мостовите на реката Вардар во близина на село Желино, на автопатот А2, во двата правци, како и на делницата Смоквица – Гевгелија, каде се изведува премин на интерконективен гасовод под автопатот А1.

На скопската обиколница, на патот А2, се врши рехабилитација на потег од 250 метри, од клучка Волково до клучка Кондово, при што левата лента за претекнување е затворена, а сообраќајот се пренасочува по средната и десната лента.

Времен режим и натаму е во сила и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, каде се санира свлечиште, како и на мостот Здуње на делницата Гостивар – Стража, каде сообраќајот се регулира со времена семафоризација и наизменично пропуштање на возила.

Дополнително, поради активностите поврзани со изградбата на Коридор 10Д, во тек е времен режим и на патниот правец Прилеп – Битола, каде движењето на возилата се пренасочува по регионалниот пат на потегот од клучка Лагово до Тополчани.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Велешката „ПИТИЈАДА“ започна со вистински спектакл – вкусна пита, врвно вино и музика што ги обедини сите генерации!

Пријавен физички напад и одведување малолетничка во Грчец

Голем број населени места денеска без струја – прекини во Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово, Кратово, Струмица…

ОЈО Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Прекинот на водоснабдувањето во Бутел поради дефект

Хроника

Семејно насилство во Делчево: сопруг со закани и физички напад

Локално

Општина Карпош доби нова административна зграда

Македонија

Планирани и непланирани прекини на струја – проверете дали сте на листата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?