Пристигнаа десетина кандидатури за нов претседател на Антикорупциска – изборот по изборите

До Собранието пристигнаа околу десет кандидатури за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања, Ѓорѓија Сајкоски, изјави за МИА дека конечниот број ќе се знае в понеделник, по приемот на кандидатурите пратени по пошта.

Процедурата за избор ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршувањето на локалните избори. Комисијата за прашања на изборите веќе формираше седумчлена селекциска комисија, составена од претставници на граѓанскиот сектор и пратеници од различни политички партии.

Јавниот оглас следи по оставката на поранешната претседателка Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат во случајот „Адитив“.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава