Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда

09.08.2024 14:15
Сподели

Скопје, 9 август 2024 (МИА) – Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост.

Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети.

Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик.

Банер Банер BrandEcho

Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература.

За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик.

Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти,  заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките.

Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди.

На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини  од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето.

Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

Од Хатка Смаиловиќ/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Доживотен затвор за кавадарчанецот што го уби својот брат

Горан Калоѓера со остра реакција: „Не си играјте со Гоце Делчев“

Делчево на пат кон економски напредок: Стратегија за ЛЕР 2026-2031 во подготовка

Ѓорче Петров: Нови субвенции за клима уреди и топлотни пумпи

Тошковски: Вчера беа приведени двајца осомничени за настанот во Арачиново

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Кинеската амбасадорка во Велес: Нови можности за соработка и развој

Македонија

Почнува летното сметање на времето

Македонија

ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс”

Локално

Општина Пробиштип со јавен повик за доставување на проекти и програми од граѓански организации и правни субјекти

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?