Без струја во Скопје, Велес, Тетово, Кочани… објавена нова листа

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, на 5 март 2026 година ќе има планирани прекини на електричната енергија во повеќе населени места и градови низ државата, информираат од надлежните служби.

Во општина Карпош, дел од потрошувачите на ул. „Дрезденска“ бр.5 и ул. „Панче Пешев“ ќе бидат без струја од 09:00 до 13:00 часот.

Прекин на електричната енергија ќе има и во Горно Нерези, каде дел од корисниците ќе останат без напојување од 10:30 до 13:30 часот.

Во Битола, на ул. „Митрополитска“, прекинот ќе трае од 08:30 до 15:30 часот.
Во селото Велестово кај Охрид, струјата ќе биде прекината од 10:15 до 16:15 часот.

Во Индустриската зона Лабуништа, како и во објекти како ресторанот „Софра“, Алумина, млекарски погон, фарма и овчарник, прекинот е планиран од 09:15 до 15:00 часот.

Во Велес, прекини се најавени во повеќе делови од градот – Речани, ул. „Панче Васков“, населба Трпезица, ул. „Хаџи Косте“ и дел од ул. „Академик Пенчо Давчев“, во периодот од 09:25 до 13:30 часот.

Без струја ќе останат и делови од населбата Карпош, Дуитев Чифлик и делот кон Амбар Маало од 08:00 до 13:00 часот, како и викендиците во Младо Нагоричане од 08:30 до 14:30 часот.

Во регионот на Кочани, Виница и Зрновци се најавени повеќе прекини во текот на денот, додека во селата Спанчево, Соколарци и Врвица, како и кај рудникот Опалит, е регистриран непланиран прекин на електричната енергија.

Во Тетово и околните села (Мала Речица, Порој, Џепчиште, Прељубиште и Ѓермо) дел од корисниците ќе останат без струја во периодот од 08:30 до 14:30 часот, во зависност од локацијата.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да се информираат и да ги прилагодат своите активности според најавените прекини.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава