Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Билатерална средба помеѓу Спасовски и Бала во Тирана

14.09.2023 13:16
Сподели

Денеска, (13.09.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Тирана, Република Албанија по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со албанскиот колега, министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од реализирањето на оваа нивна прва средба, при што министерот Спасовски му честиташе на колегата Бала за назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план.

Истакнувајќи дека токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Албанија, министерот Спасовски рече:

Банер Банер BrandEcho

„Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана. Пред се’ преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и добри пракси и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал, како и вклучување на други релевантни служби со цел соодветен пристап и постапување. А, како резултат на добрата соработка на надлежните служби на двете земји, се помогна во истрага на потешки кривични дела, од типот на убиства, разбојништва и тешки кражби ”, истакна министерот Спасовски.

Во оваа прилика беше изнајден одговор на потребите на македонската заедница во Голобрдо којашто лани во ноември изрази интерес за изнаоѓање начин за  продолжување на работното време на Граничниот премин Џепиште – Требиште, кој е од локален карактер и не работи постојано. Така, во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното  население, како што беше решен проблемот со електрична енергија на истиот граничен премин.

Имено, на денешната средба двајцата министри се договорија да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија. Воедно, двајцата министри се согласија дека е постигнат значаен напредок, а потврдија дека и во иднина ќе се интензивираат сите активности коишто веќе се отпочнати, со несмален интензитет ќе започнуваат и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот.

Министрите Спасовски и Бала потенцираа дека заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции.
Во таа насока, и министерот Спасовски посака успешна реализација и плодна дебата на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Игор Џамбазов недостапен – ОИК го иззема од изборите

УЈП: Уште три дена за поднесување ДДВ-04 пријави за изминатиот оданочив период

Напад среде Делчево: МВР со кривична против локален жител

Градоначалникот Ѓорѓиевски во увид на градежните активности за нов паркинг кај ООУ „Невена Георгиева Дуња“

Полицаец во скандал: Уапсен за кражба на бакарни кабли!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Бехтел Енка бара интегрирана еколошка дозвола за проект во Горна Бањица

Локално

30 октомври: Kонцерт „Филип Динев СК404“

Македонија

Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Македонија

При претрес во село Војник пронајден пиштол и други предмети

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?