Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Битола добива нова боксерска сала: Спортска иднина во завршна фаза

14.05.2026 06:53
Сподели

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во завршната фаза на изградбата на новиот Центар за спорт и спортски активности, објект кој ќе претставува значаен капитален проект за градот. Овој проект е дел од шеснаесетте иницијативи финансирани од владата на Македонија преку Министерството за спорт, со вкупна вредност над 43 милиони денари.

Во моментот, надворешната фасада на објектот е во завршна фаза, додека во внатрешноста се довршува подот. Салата е на два ката, со површина од околу 930 метри квадратни и максимална висина од 7,2 метри. Приземјето е предвидено за физички активности, со административен дел и помошни технички простории.

На западната страна на објектот ќе се наоѓа сала за тренинг, опремена со боксерски ринг и фитнес справи, како и соблекувални за мажи и жени, кои ќе имаат сопствени тоалети и бањи, како и тоалет за лица со посебни потреби. Источната страна е резервирана за просториите на спортско качувачкиот клуб, кои ќе бидат идентични на боксерските, со сала за тренинг и соблекувални.

Банер

Салата за бокс и просторијата за болдеринг ќе бидат двовисински, а на горниот кат ќе се наоѓа административниот дел, чајна кујна и тоалети, како и галерија која ќе служи како гледалиште за посетителите.

Околината на објектот ќе биде партерно уредена, со предвиден паркинг, што ќе создаде идеални услови за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола, со својата богата боксерска историја и актуелни шампиони, конечно добива современи и модерни услови за спортски предизвици.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Негорци со фолклор се поклони на Игор Мицев: 4. Меморијален фестивал „Засекогаш со нас“

Јавен повик за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти

Елза, Дедо Мраз, Елф и децата како херои: новогодишната театарска магија на „Арториум“ во Гевгелија

Општина Велес: Градежни активности во населба Превалец

Ќе се преименуваат улиците во Тетово – одат ли во заборав македонските херои?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Честитка од градоначалникот по повод големите празници: Успение на Пресвета Богородица, Свети Јоаким Осоговски и Денот на рударите

Локално

Илинден на патот кон подобра инфраструктура: Реконструкција на патот Илинден – Јурумлери

Локално

Герасимовски: Отстранети 130 хаварисани возила, го ослободуваме јавниот простор

Локално

Завршена реконструкцијата на улицата „Атанас Ѓуров“ во Прдејци

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?