Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
Балкан

Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи

27.02.2025
Share
SHARE

Брисел, 27 февруари 2025 (МИА) – Поради одлагање во спроведувањето на планираните реформи, Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра во форма на грантови од Инструментот за закрепнување и отпорност на ЕУ, а ризикува дополнително да ги загуби и најголемиот дел од преостанатите предвидени средства од овој механизам за поддршка на Унијата.

Според бугарскиот вицепремиерот Томислав Дончев, поради застојот во реформите ЕУ ќе ја одбие исплатата и на новата транша во рамки на Инструментот.

За да може да ги користи предвидените средства во износ од над 5,5 милијарди евра за реализација на проекти од овој Инструмент на ЕУ, што би требало да и бидат исплатени во девет транши, Бугарија се обврза да спроведе вкупно 321 мерка и реформи, но досега имплементира само 115 од нив.

– За четири години Бугарија спроведе само мал дел од реформите што и ги вети на Европската комисија, истакна Дончев.

Ad image

Досега на Бугарија и се исплатени само 1,34 милијарди евра во рамки на Инструментот за закрепнување и отпорност, а покрај веќе неповратно изгубените 653 милиони, во ризик е добивањето и на преостанатите околу 3,55 милијарди евра. Крајниот рок за исплата на предвидените средства е август 2026 година.

– По овој датум, нема да бидат признати никакви трошоци. Ако имаме исплати за некој проект по овој датум, тие ќе бидат покриени од националниот буџет, изјави Дончев.

Европската комисија ја запре исплатата на втората транша за Бугарија лани во октомври откако бугарското Собрание не успеа да ги усвои измените на Патоказот за климатска неутралност, поради блокадите од страна на пратениците на проруската националистичка партија Преродба и на популистичката Има таков народ (ИТН). Инаку, ИТН сега е дел од новата коалициска Влада формирана минатиот месец.

Дополнително, Бугарија доцни и со спроведувањето на реформите поврзани со борбата против корупцијата и со усвојувањето на законите за личен банкрот и за заштита на укажувачите.

Според Дончев, досега бугарската Влада добила средства за околу 10 проценти од проектите утврдени според нејзиниот Национален план за закрепнување и отпорност, па изгледа невозможно да се реализираат останатите 90 проценти за година и половина. Поради ова, тој најави дека Владата со Европската комисија договорила откажување од некои од планираните проекти

– Доколку не бидат откажани, ќе треба да се финансираат од државниот буџет, што ќе генерира ризик од буџетски дефицит во 2026 година, нагласи Дончев.

Ваквиот договор го потврди и министерката за финансии Теменужка Петкова, која информира дека „се идентификувани седум проекти што нема да бидат реализирани до 30 август 2026 година, а 15 други имаат многу мали шанси за реализација“.

Една од програмите за која е најавено „доцнење“ во реализацијата е онаа за реновирање и енергетска ефикасност на старите станбени згради, за која од Инструментот за закрепнување и отпорност на Бугарија треба да и бидат исплатени над една милијарда евра.

Ваквиот застој во реформите се должи и на фактот што во изминативе нешто повеќе од три години Бугарија беше раководена од технички кабинети или политички влади со краток мандат.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

You Might Also Like

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона

Турција ја укина одлуката за запирање на увозот на лимони

Продолжени превентивните мерки на Санторини – за помалку од три дена регистрирани 200 земјотреси со јачина од над три степени

Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА

Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?