Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Чешка размислува за целосен прекин на увозот на руска нафта
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Чешка размислува за целосен прекин на увозот на руска нафта
Бизнис и Економија

Чешка размислува за целосен прекин на увозот на руска нафта

25.03.2025
Share
SHARE

Прага, 24 март 2025 (МИА) – Чешка треба конечно да престане да увезува руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави денеска министерот за индустрија, Лукаш Влечек.

Во интервју за државната телевизија ČT, Влечек нагласи дека конечната одлука е во рацете на рафинеријата „Орлен Унипетрол“, која од 2005 година е во полска сопственост, пренесува ДПА.

Тој посочи дека од 4 март руска нафта веќе не тече низ нафтоводот „Дружба“ кон Чешка. Според претходни информации, ова се должи на проблеми со плаќањата поради американските санкции кон руските банки, воведени поради војната во Украина.

„Орлен Унипетрол“ презема чекори за диверзификација и веќе нарачал испораки на нафта од Северното Море и други региони, изјави Влечек.

Владата во Прага исто така ставила на располагање до 330.000 тони нафта од државните резерви како заем, што ќе ја покрие побарувачката за околу 90 дена, додаде тој.

Со децении, нафтоводот „Дружба“, изграден во времето на социјализмот, претставуваше главна врска за снабдување со нафта за Чешка, поврзувајќи ги руските нафтени полиња со Централна Европа.

Чешка, заедно со Словачка и Унгарија, доби привремено ослободување од забраната на ЕУ за увоз на руска нафта за да може да развие алтернативни извори. Сепак, земјата сега би можела да ја прекине зависноста од руската нафта побрзо од очекуваното.

Како потенцијална алтернатива, се разгледува Трансалпскиот гасовод (TAL), кој снабдува нафта од италијанското пристаниште Трст до Централна Европа. Неговите капацитети неодамна беа зголемени преку проектот TAL-Plus.

Од Сања Костовска Извор МИА

You Might Also Like

Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле 26,2 милијарди долари

ЕЦБ размислува за промена на својата стратегија за монетарна политика, објави Блумберг

Светскиот економски форум во Давос ќе се одржи од 20 до 24 јануари

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари

Овоштари од Пијанец и Малеш договараа стратегија за подобрување на состојбата со модрата слива

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?