Делови од Скопје и околината денес без струја

Поради технички зафати и интервенции на електродистрибутивната мрежа, денес во повеќе делови од Скопје и околните населени места ќе има планирани, но и еден непланиран прекин на електричната енергија, информира ЕВН Македонија.

Непланиран прекин е регистриран во подрачјето на Драчево, поточно во дел од улицата „Јустинијан Први“, на потегот од маркетот Вајота кон селото Студеничани.

Во текот на денот следуваат и неколку планирани исклучувања:

Во Илинден, во населбата Белимбегово, делови од улиците 8 и 11 ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.

Во општина Карпош, дел од потрошувачите на улицата „Струма“ ќе останат без напојување од 09:00 до 11:00 часот.

Во Аеродром, прекин е најавен на булеварот „Јане Сандански“ број 30, исто така во периодот од 09:00 до 11:00 часот.

Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да преземат мерки за заштита на електричните уреди.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава