Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Еднаквоста во Македонија и државноста на Македонија

01.12.2025 07:06
ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Уставноста и законитоста се основен услов за правата и слободите на граѓаните, еднакви пред Уставот и законите. Ама, животот во заедница со други, не подразбира само права и слободи, туку и обврски и одговорности!

Секој може да не се согласува со законите, ама должен е да ги почитува!

Банер Банер BrandEcho

Секој може да коментира судска пресуда, ама мора да ја спроведува!

Ниедна толпа не може да отфрла примена на закон и спроведување на судска пресуда!

Секој мора да ги почитува словото на Уставот и законите и пресудите на Судот!

А, власта со сите инструменти треба да ги обезбеди интегритетот, суверенитетот и владеењето на правото на целата територија на државата Македонија!

Во државата Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и ним им припаѓа, независно од нивното етничко потекло и верско уверување, но носител на државноста е македонскиот народ!

Македонија е унитарна држава и секој мора да ги почитува територијалниот интегритет и суверенитет и неповредивоста на нејзините граници. Толеранцијата и коегзистенцијата се правило на однесување, но секој мора и да ја почитува непроменливоста на етничкиот и верскиот состав на населението во градот и општините!

Во државата Македонија животите и имотите се неприкосновени и неповредливи! Загарантиран е личниот интегритет и приватноста на поединецот и семејството! Најостро се отфрла секоја агресија и насилство поради политички интереси и концесии!

Се разбира, државата Македонија ја гарантира заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет и ги почитува правото на културна автономија и еднаквоста на малцинските етнички заедници пред Уставот и законите. Но, малцинските етнички заедници се должни да го говорат македонскиот јазик како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи и да ги почитуваат Уставот и законите на државата Македонија!

Во Македонија никогаш нема да владее шеријатското право, во Македонија никогаш нема да владее инквизицијата, Македонија никогаш нема да биде теократска држава! Кој сака така да живее, отворени му се границите слободно да замине во земјите каде тие права се озаконети и претставуваат правило на живот!

Во Македонија најстрого треба да биде казнет секој кој поттикнува и разгорува национална, етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост! Од Македонија треба да биде протеран секој натурализиран македонски државјанин кој поттикнува и разгорува национална, етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост!

Македонците, христијани и муслимани, како мнозински народ, го почитуваат етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на малцинските етнички заедници, но најостро се спротиставуваат на демакедонизацијата на Македонија и на Македонците преку верата на малцинските етнички заедници!

Македонците, христијани и муслимани, имаат историска одговорност за семакедонско помирување и обединување, независно од предизвиците и искушенијата, затоа што единството е најмоќната гаранција за Македонија на Македонците!

И никогаш не смее да заборавиме: Името на државата е идентитетот на нацијата! Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател, со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не’ (с)нема! Македонија е трајна вредност за сите во државата независно од нивното етничко потекло и верско уверување! Само како Македонци и никако поинаку освен како Македонци, сме граѓани на државата Македонија!

Македонија ни припаѓа нам, на Македонците, по род и државјанство, како нејзини државјани односно граѓани!

Македонците имаат и сила и вера и љубов за Македонија! Македонците веруваат во Македонија!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Колумната е личен став на авторот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пукна тиквата помеѓу Брисел и Вашингтон

Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!

ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

Нема договор! Се договорија да продолжат да се договараат

Метастазите на блудницата вавилонска

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Малото дете Израел

Колумни

Како тоа „грчки“ сонца во руска црква?

Колумни

Проклетство до пеколот

Колумни

Македонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?