Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

Во Варшава прикажан проект за трагедијата на македонските деца од Егејска Македонија

07.03.2026 08:09
Сподели

Во Варшава, Полска, беше одржана проекција и изложба на проектот „Мајко мила“ на Петро Алексовски, посветен на трагедијата на македонските деца кои биле насилно прогонети од своите домови во Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција (1946–1949).

Настанот се одржа на 5 март 2026 година во Историскиот центар во Варшава, благодарение на поддршката на директорката д-р Аѓњешка Ками Пржишка.

Авторот на проектот, Петро Алексовски, чии родители се меѓу насилно прогонетите деца од Егејска Македонија, преку фотографии и документарни материјали ја претстави судбината на македонските деца кои биле евакуирани од своите домови и згрижени во различни европски земји.

Банер Банер BrandEcho

Алексовски изрази благодарност до полските власти кои во 1948 година прифатиле и спасиле дел од овие деца, овозможувајќи им нов живот во Полска.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Полска, Јасмин Ќахил, чијa присутност, според организаторите, го потврди интересот за историското наследство и судбината на македонската заедница во Полска.

Меѓу присутните беше и Емилија Котевска Аврамчева, потомок на насилно прогонети деца од Егејскиот дел на Македонија.

Фотографиите и сведоштвата прикажани на изложбата ја доловија суровоста на војната и последиците што таа ги оставила врз животите на децата, кои по прогонството својот живот го продолжиле во новата татковина – Полска.

Од Светскиот Македонски Конгрес упатија честитки до Петро Алексовски за неговата посветеност и истрајност во зачувувањето на сеќавањето на голготата на македонските деца прогонети од Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Торонто ќе живее во македонски ритам: доаѓа МАКФЕСТ 2026

Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

(ВИДЕО) Градоначалникот на Лерин го забрани пеењето на македонски песни

Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани и претставуваат груб пописен фалсификат!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и македонски идентитет

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Семакедонски одговор на пораката на Макрон

Четворица Македонци избрани за советници во Австралија

Дијаспора и МНМ

Македонската кујна како мост- настан што обединува генерации во Швајцарија

Дијаспора и МНМ

СМК го поздравуваат првиот мировен договор меѓу Русија и Украина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?