Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Еден клик може да ве чини пари: МВР со сериозно предупредување

16.01.2026 16:04
ФОТО: МВР
Сподели

Од Министерство за внатрешни работи алармираат дека во изминатиот период е регистрирано зголемување на фишинг напади, при што граѓаните се таргетираат преку лажни СМС пораки, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

Според МВР, пораките најчесто се маскирани како известувања од банки, државни институции, поштенски служби или реномирани компании, со цел да се создаде лажно чувство на доверба. Крајната цел е измама на корисниците и прибирање на нивните лични или финансиски податоци.

Како најчест облик на измама се издвојуваат лажните СМС пораки за наводно пристигнати пратки од пошта, во кои примателите се повикуваат да кликнат на линк и да внесат лични податоци. Со посетување на овие лажни веб-страници, корисниците несвесно ги изложуваат своите податоци на злоупотреба, што може да резултира со финансиска штета или кражба на идентитет.

Банер Банер BrandEcho

Од Секторот за компјутерски криминал информираат дека во текот на изминатата година се примени над 50 пријави поврзани со ваков тип на измами, а истрагите за откривање на сторителите се во тек.

Надлежните институции упатуваат апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни при користење на интернет и дигитални услуги. Се препорачува да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не се споделуваат податоци од банкарски картички, лозинки или лични идентификатори, како и секогаш да се проверува адресата на испраќачот – официјалните институции користат службени домени.

Дополнително, се советува користење на двофакторска автентикација (2FA) за поголема заштита на корисничките сметки и итно пријавување на сомнителни пораки кај надлежните институции или во банките.

Од МВР порачуваат дека активностите за откривање и санкционирање на кибер-измамите продолжуваат, а граѓаните се клучниот фактор во спречувањето на вакви злоупотреби преку внимателно и одговорно однесување во дигиталниот простор.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

7 декември: Втора масовна акција за пошумување „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“

Кичевец приведен по претрес, полицијата пронашла две пушки и муниција

Аеродром: Целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче

Доделени наградите на 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“

Во Македонија не е проблем ако си неспособен – туку ако си подобар од другите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Кражба во црковна продавница – непознат сторител украл пари и избегал

Македонија

Сиљановска-Давкова: Време е жените да водат во глобалните напори за мир

Локално

Пуштени во употреба нови спортски трибини на стадионот во Крива Паланка

Македонија

Одобрени барањата за апанажа на поранешните заменици министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?