Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Еврокомисијата не се откажува од предлогот за укинување на сезонското сметање на времето

15.03.2025 07:12
Сподели

Брисел, 14 март 2025 (МИА) – Предлогот за укинување на сезонската промена на времето и натаму е на листата на задачи во Програмата за работа на Европската комисија, изјави портпаролката на ЕК за клима, енергија, домување, животна средина и оданочување Ана-Кајза Итконен.

– Тој е се уште е на листата и е во Парламентот и Советот за расправа. Не сме го повлекле, иако е точно дека помина низ неколку обиди за усвојување во текот на изминатите години, изјави Итконен во одговор на новинарско прашање дали меѓу претходно доставените предлози за усвојување што ги повлекла Еврокомисијата е и иницијативата со која се предлага укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање.

Итконен истакна дека тоа е едно од прашањата за кое земјите членки не можат да се усогласат, но дека предлогот останува.

Банер Банер BrandEcho

– За две недели останува одново да ги поместиме часовниците за да ги прилагодиме на новото време, додаде Итконен.

Главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо појасни дека во рамки на својата политика за поедноставување, ЕК решила да ги повлече сите предлози доставени пред најмалку пет години, за кои Европскиот парламент и Советот на ЕУ се уште не постигнале договор за нивно усвојување.

Ad image

Според Пињо, иако предлогот за укинување на сезонската промена на времето е стар шест години, тој сепак не е меѓу повлечените иницијативи.

Минатата недела полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик најави дека Полска во својство на претседавач со Советот на ЕУ, презема конкретни чекори за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година.

Пашик изјави дека укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовниците претставува „социјално и економско прашање“ и соопшти дека за ова веќе разговарал со еврокомесарот за транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас и „го убедил“ да не ја отстранува иницијативата за укинување од Работната програма на Комисијата за 2025 година.

– Поради економските врски, од суштинско значење е да се постигне консензус на сите земји членки на ЕУ за ова прашање, додаде Пашик.

Следната промена на времето ќе се случи во ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците во 2 часот ќе се поместат за еден час понапред.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ужасни загуби на Украина: 3,900 војници уништени за само една недела

Француската министерка за спорт заплива во Сена за да покаже дека е доволно чиста за олимписките натпревари

Турскиот министер за надворешни работи предвидува продолжување на војната во Персискиот Залив

Билд: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141 , социјадемократите со 114

ФБИ го идентификува напаѓачот на Трамп

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Во Судот на БИХ нема да има главен претрес, туку статусна конференција со бранителите во предметот што се води против Додик

Балкан

МОЛ бара стратегиски резерви нафта поради прекин во испораката

Свет

Моди ќе учествува на самитот на ШОС во Кина

Свет

Полската јавност против испраќање војници во Украина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?