Испити без завршена година и без пракса: МВР со кривична пријава за директор и заменик-директор

ФОТО: МВР

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (46) од Куманово и С.Д. (41) од село Лојане, општина Липково, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите од полицијата, првопријавената, во својство на заменик-директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, била назначена да извршува дополнителни работи поврзани со водење на вонредни испити во периодот од 1 септември 2022 до 31 август 2023 година.

Второпријавениот, пак, како директор на училиштето, бил ангажиран за истите дополнителни работи во периодот од 1 септември 2023 до 31 август 2024 година.

Според пријавата, тие им овозможиле на вонредни ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година, иако претходно не ја завршиле претходната година и не доставиле потврди за следење на феријална пракса.

Дополнително, како што се наведува, им било овозможено и на членовите на испитната комисија да спроведат полагање на два вонредни испита во ист ден за четворица вонредни ученици.

По документирањето на случајот, против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава