ЕВН најави планирани прекини на струја денеска во повеќе градови и села низ државата

ЕВН информира дека денеска, 24 април 2026 година, поради планирани технички зафати, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе населени места и градови низ државата.

Прекини на електроснабдувањето се најавени во Скопје, Р’жаничино, Мирковци, Тетово, Непроштено, Жилче, Гостивар, Делогожди, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Фурка, Штип, Куманово, Старо Нагоричане и Велес.

Во Скопје, без струја ќе останат делови од Горно Нерези, Горни Крушопек, како и корисници од улиците Иван Аговски и Никола Тесла во Карпош. Прекини се најавени и на повеќе локации на Водно, меѓу кои РТВ предавателот, објекти кај предавателите и други објекти во тој реон.

Во Тетово, прекини се планирани на дел од улица 141, улица Благоја Тоска, улица Борис Кидрич, како и во објекти во близина на Биро за труд и на улица 121. Без напојување ќе остане и дел од село Непроштено, како и дел од село Жилче.

Во Куманово, прекин ќе има на делови од улиците Сава Ковачевиќ, Боро Прцан, Србо Томовиќ и Милан Лисица, додека во Старо Нагоричане прекини се најавени за дел од населеното место, како и за локациите Ендокана и Еврос Комерц.

Во Охрид, без струја ќе останат делови од улиците Момчило Јорданоски и Марко Цепенков, а во Битола прекин е планиран на улиците Козара, Панде Николов и Димитие Туцовиќ со околните објекти.

Во Прилеп, прекини се најавени кај објектите спроти ЈП Национални шуми и во делови од Орушица и Крапчеви Ливади, додека во Кавадарци без електрична енергија ќе бидат делови од улиците 16-ти Јуни и Карпош.

Прекини се најавени и во Фурка, Црничани и Ѓопчели, во дел од населба Балканска во Штип, како и на повеќе локации во Велес и велешко, вклучително и корисници во близина на железничката станица, како и селата Кумарино, Ново Село, деловни објекти и пумпа за нафтовод.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат дневните активности според најавените термини за прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Поголеми и позабележителни прекини денеска се најавени на следните локации:

  • Водно, Горно Нерези, Горни Крушопек – од 08:30 до 11:30
  • Карпош, дел од ул. Иван Аговски и Никола Тесла – од 09:00 до 14:00
  • Тетово и Непроштено – од 09:00 до 14:00 или 15:00, зависно од локацијата
  • Гостивар, Чајле – од 06:00 до 10:00
  • Делогожди – од 08:30 до 15:30
  • Битола – од 08:30 до 14:30
  • Прилеп – од 09:00 до 14:00 или 15:00
  • Фурка, Црничани, Ѓопчели – од 07:00 до 15:00
  • Куманово – од 08:00 до 14:30
  • Старо Нагоричане – од 08:30 до 15:00

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава