Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ достигнаа рекордни нивоа

26.01.2025 09:18
Сподели

Брисел, 25 јануари 2025 (МИА) – Во октомври 2024 година извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ достигна вредност од 21,7 милијарди евра, а увоз од 16,2 милијарди евра, што претставува рекордно ниво на трговска размена на блокот на овие продукти, покажуваат најновите податоци на Европската комисија.

Според овој извештај, лани во октомври извозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ бил за 10 отсто повисок отколку во истиот месец во 2023 година, додека увозот на годишно ниво бележи раст од 19 проценти.

Во периодот јануари-октомври 2024 година извозот на овие стоки од ЕУ пораснал за шест отсто споредено со првите десет месеци од претходната година, а увозот за три проценти.

Банер Банер BrandEcho

Главни пазари за пласман на европските земјоделски производи лани останаа Велика Британија и САД. Извозот на британскиот пазар во периодот јануари-октомври достигна 44,9 милијарди евра, а на американскиот 25,1 милијарди евра.

Во Кина, пак, во истиот период се пласирани европски стоки во вредност од 937 милиони евра, што претставува намалување за осум отсто на годишно ниво, како резултат на падот на извозот на житни култура, свинско месо и млечни производи.

Од друга страна, ЕУ најмногу увезувала земјоделска храна од Бразил во вредност од 14,4 милијарди евра, што претставува пад за три проценти како резултат на пониските цени на маслодајните семиња и намалениот обем на набавка на житни култура.

Најголем раст на увозот на стоки во ЕУ има од Брегот на Слоновата Коска и тоа за 60 проценти, односно за две милијарди евра, како резултат на растот на цените на какаото, додека најголем пад бележи увозот од Австралија и Русија.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дали Унгарците ќе ја купат НИС? Разговорите на Вучиќ со MOL откриваат нови детали

Инфлацијата во САД зголемена за три отсто, борбата за пониски цени засега без резултат

Извозот расте, но увозот уште побрзо – Македонија со нов трговски баланс

ЕУ попушта пред камионџиите: Шенген правилата се менуваат!

Германија во 2024 од Кина набавила 65,5 проценти од ретките метали

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Континуиран раст на угостителските услуги: годишно зголемување од 4,1%

Бизнис и Економија

Германскиот пазар на труд во стагнација

Бизнис и Економија

Кинеските автомобили ја истиснуваат Лада од рускиот пазар

Бизнис и Економија

Нафтената индустрија во подем: Оптимистички прогнози до 2026 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?