Јакимовски предлага обновување на културниот дом во Тафталиџе 1: „Ќе го вратиме на граѓаните“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави иницијатива за обнова на руинираниот објект во Тафталиџе 1, кој со децении стои запуштен, а некогаш служел како културен дом на заедницата.

Според Јакимовски, објектот пропаѓа повеќе од 25 години, што, како што вели, е „нефер и кон граѓаните и кон самата општина“.

Тој предлага Владата и Правобранителството да постигнат договор со Социјалистичката партија, на која моментално ѝ припаѓа земјиштето, со цел партијата да добие друго државно земјиште на територијата на Општина Карпош, а домчето да им се врати на жителите на Тафталиџе.

„Општина Карпош е подготвена да инвестира од 200 до 300 илјади евра за целосна реконструкција на објектот и негово претворање во културен центар за деца, уметници и локални активности,“ истакна Јакимовски.

Тој додава дека со вакво решение никој нема да загуби, а „ќе добијат сите — и граѓаните, и општината, и државата.“

Сподели ја оваа објава