Камери, казни и забрани: што сè казнува системот „Безбеден град“ и колку ќе ве чини прекршокот

ФОТО: МВР

Во рамки на проектот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи продолжува со засилен надзор на сообраќајот преку автоматски системи за контрола, со цел намалување на прекршоците и зголемување на безбедноста на улиците.

Системот регистрира низа сообраќајни прекршоци, а санкциите се движат од парични казни до привремена забрана за управување со возило.

Во зони каде дозволената брзина е до 50 km/h (по исклучок 70 km/h со сообраќаен знак), санкциите се следни:

  • до 10 km/h над дозволеното → 15 евра
  • од 10 до 30 km/h → 50 евра
  • од 30 до 50 km/h → 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци

(130 km/h автопат, 110 km/h експресен пат, 90 km/h други патишта)

  • до 30 km/h над дозволеното → 20 евра
  • од 30 до 50 km/h → 50 евра
  • од 50 до 70 km/h → 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци

Еден од најтешките прекршоци што ги регистрира системот:

  • 250 евра глоба
  • забрана за управување од 3 до 12 месеци

Камерите санкционираат паркирање и запирање на:

  • пешачки премини и крстосници
  • мостови и зелени површини
  • места за лица со попреченост
  • велосипедски патеки, тротоари и автобуски постојки

Казните се движат од 25 до 180 евра, во зависност од сериозноста на прекршокот.

За возење без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици се предвидени строги санкции:

  • 500 евра глоба
  • ако дозволата е истечена до 30 дена → 100 евра

Возачите кои ќе ја платат глобата во рок од 8 дена, плаќаат само 50% од износот.
Доколку е изречена и забрана за управување, таа се намалува на половина од предвидениот рок.

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, нагласувајќи дека целта на системот не е казнување, туку превенција, безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.

Сподели ја оваа објава