Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за кривични дела поврзани со вонбрачен живот со деца, а во еден случај и за сексуално дело врз дете помладо од 15 години.
Според информациите од полицијата, кривична пријава е поднесена против О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38) поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 2 од Кривичниот законик.
Пријава е поднесена и против Н.П. (27) од село во струмичко, поради сомнение за кривични дела „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Дополнително, кривична пријава е поднесена и против О.П. (49) од село во струмичко поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 од Кривичниот законик.
Како што се наведува, О.Л. и Н.Л., како родители, дозволиле нивната малолетна ќерка, од септември 2023 година, да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа подоцна родила дете. Според пријавата, втората нивна малолетна ќерка, од март 2024 година, живеела во вонбрачна заедница со О.П.



