Скопјанец пријавил дека бил измамен за сума од 3.500 евра од лице кое лажно се претставило како полициски службеник.
Според информациите од полицијата, 45-годишниот маж на 24 март околу 15:30 часот се обратил во СВР Скопје и пријавил дека непознато лице телефонски го контактирало, претставувајќи се како вработен во полиција.
Лицето му понудило помош за враќање на средства во износ од 40.000 евра, кои пријавителот претходно ги инвестирал во странска фирма што престанала со работа.
Верувајќи во понудата, тој исплатил 3.500 евра, но откако не добил резултати и ветената помош не била реализирана, се посомневал во измама и случајот го пријавил во полиција.
Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



