Магла и влажни коловози низ државата: најслаба видливост кај Гевгелија, Демир Капија и Струмица

ФОТО: Општина Делчево

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а на повеќе локации има намалена видливост поради магла, информира Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Најкритична е состојбата во јужниот и југоисточниот дел од земјата. Во околината на Гевгелија видливоста е намалена и до 50 метри, додека до 100 метри има кај Струмица, Неготино и Сарамзалино. До 150 метри магла е забележана кај Демир Капија.

И покрај временските услови, сите патни правци низ државата се проодни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања.

Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Поради можни одрони и специфичен терен, внимателно возење се препорачува на:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Во тек се повеќе инфраструктурни активности:

  • Делницата Прилеп – Битола (Коридор 10Д) – сообраќајот е пренасочен по регионален пат
  • Скопска обиколница (А2) – затворена левата лента поради рехабилитација
  • Крива Паланка – Страцин – рачна регулација дење, семафори ноќе
  • Косоврасти – Мелнички Мост – санација на свлечиште
  • Гостивар – Стража – времен режим поради реконструкција на мост

Можно е повремено забавување на сообраќајот на овие делници.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава