Дел од центарот на Скопје денес без вода: дефект на мрежата кај „Св. Кирил и Методиј“

Поради дефект на водоводната мрежа, денеска дел од централното градско подрачје ќе остане без вода.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека станува збор за уличен дефект на цевка со пречник Ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј број 48.

Поради интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од оваа улица, како и дел од Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар.

Водата ќе биде исклучена од 08:30 часот и ќе се врати по завршување на санацијата.

Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да обезбедат резерви со вода до нормализирање на состојбата.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава