Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Мециновиќ: Кампањата се префрла на улиците на Скопје!

30.09.2025 16:13
Сподели

На денешната прес-конференција, Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, изјави дека забраната за политичко рекламирање нема да ги спречи во нивната кампања. „Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од сабајле до навечер присутни на улиците каде што Скопјани и секој поединачно ќе може да дојде до нас и да разговара“, нагласи Мециновиќ.

Во следните дваесет дена, фокусот на кампањата ќе биде насочен кон состојбата во Град Скопје и јавните претпријатија. Мециновиќ истакна дека постои план за приватизација на јавните услуги, наведувајќи ја депонијата Дрисла како пример. „Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да се симнеме кај работниците. Со сите работници на јавните претпријатија ќе седнеме и ќе разговараме за условите во кои тие работат“, рече тој.

Според Мециновиќ, јавните претпријатија со години се запоставувани, а тоа е дел од стратегијата за оправдување на нивната приватизација. „На 6 септември најавивме дека постои план за приватизација на Комунална хигиена и на Дрисла. Четири дена подоцна, премиерот Христијан Мицкоски, кој ја оркестрира и забраната за Левица, тоа го потврди – рече дека ќе има јавно-приватно партнерство за претпријатијата, вклучително и за ЈСП“, додаде Мециновиќ.

Банер Банер BrandEcho

Тој истакна дека приватизацијата на Дрисла би била директен удар врз јавниот интерес, нагласувајќи дека „Дрисла треба да се унапреди, а не да се приватизира“. Мециновиќ предупреди дека ваквите мерки за забрана на политичко рекламирање се сериозен удар врз демократијата и наговестуваат авторитарен режим. „Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта“, рече тој.

Според него, овие потези ќе бидат забележани во извештаите на ОБСЕ и Европската комисија. „Нашите пријатели од Европскиот парламент и од Австрија беа вчудоневидени од методите што ги користи овој режим. Вакви методи на континентот не се познати од седумдесеттите години. Вакви методи на репресија! И ова е само увод во тоа што понатаму може да се случи,“ заклучи Мециновиќ.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ѓорче Петров на патот кон модернизација: Седум нови улици за подобар живот

Ангелов: Над 20 пожари низ државата – критично во Јасен и Јегуновце

Ѓорче Петров: Реконструкција на клучни улици

Пронајдена девојката што беше пријавена за исчезната

Формирани нови 15 совети на месни и урбани заедници во Делчево

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадри по заминувањето на Таравари од Владата

Локално

Општина Делчево: Соопштение за поднесување даночна пријава за недвижен имот

Локално

Дел од Делчево денеска без електрична енергија

Хроника

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?