Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите во Кочани одбиле средба: „Подготвен сум да одам кај нив“

11.05.2025 14:58
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на трагично загинатите млади во кочанската дискотека „Пулс“ одбиле да се сретнат со него во Владата. Тој истакна дека е подготвен да отпатува во Кочани и таму да разговара со нив.

„Жалам за нивната одлука. Немам никаков проблем да заминам за Кочани и да се сретнам со родителите. Ќе направам сè што е во моја моќ за да им помогнам, колку што можам,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека досега не добил официјална покана за средба во Кочани, но дека сега ја прифаќа иницијативата.

Изјавата доаѓа откако родителите на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март оваа година, со писмено соопштение на 9 мај, одбија да се сретнат со премиерот во Владата. Како причина го наведоа доцнењето на поканата и нагласија дека сами го поканиле Мицкоски да дојде во Кочани, каде што средбата може да се организира на начин кој ним им одговара, имајќи предвид дека дел од нив не се во можност да патуваат поради последиците од настанот.

Банер Банер BrandEcho

„Сум бил во Кочани и денот кога се случи трагедијата. Не сакам случајот да добие димензија на сензација или политички спектакл, иако некои од опозицијата се обидуваат токму тоа да го направат,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека, иако некои се обидуваат да добијат политички поени преку манипулација со трагедијата, тој останува на располагање за поддршка на семејствата и повика на деполитизација на случајот.

„Јас сум тука, подготвен сум да разговарам и да помогнам колку што можам, само за таа болка да биде барем малку олеснета,“ порача премиерот.

Во меѓувреме, вчера во Кочани се одржа петтиот протестен марш на семејствата и блиските на загинатите и повредените, кои повторно побараа правда — правична и неселективна.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во сообраќајка на автопатот Велес – Скопје тешко повредена жена

Општина Кочани: Долгот намален за над 25 милиони денари

Претрес во Куманово: пронајдена дрога и дигитална вага – едно лице приведено

Групна тепачка во Скопје: Две лица со тешки повреди

Германија бара санкции за Унгарија поради визниот режим за Русија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Лишено од слобода лице од струшко, во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција, следува соодветна пријава

Локално

Општина Делчево: Започна реконструкцијата на ул „Индустриска“

ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом беа најдени малолетните лица

Хроника

Кривична пријава против четири лица за сообраќајната несреќа во која жена го загуби животот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?