spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаМакедонски филмови„Мис Стон“ (1958) - македонски филм

„Мис Стон“ (1958) – македонски филм

МИС СТОН

Година: 1958
Режисер: Жика Митровиќ
Сценарио: Ѓорѓи Абаџиев, Трајче Попов
Глумци: Олга СПиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко, Виктор Старчиќ, Тодор Николовски

1901 година. Во Македонија расте отпорот против Отоманската Империја. Многубројни чети комити сведочат за готовноста на македонскиот народ да се бори за својата слобода. Во исто време разни верски мисии се обидуваат да го прошират своето влијание меѓу народот. Во Солун се наоѓа центарот на американската протестантска мисија за Македонија. По добиената дозвола за отворање верски курс во село Банско, мисионерите тргнуваат на пат. Во мисионерската група се Елен Стон, Американка, и брачниот пар Цилка, Македонци воспитувани во Америка. Нивното заминување од Солун ќе го искористи ВМРО како начин пред светската јавност да се проговори за состојбата во Македонија и да се овозможи вооружување на нови чети комити. Со таа цел четата на Јане Сандански ја грабнува Елен Стон и за неа од турската влада бара откуп во висина од 25.000 златни лири. Во почетокот Мис Стон, пацифистички ориентирана, не се согласува со барањето на комитите, за потоа, минувајќи низ борби со турскиот аскер и станувајќи сведок на ѕверствата на кои е изложен незаштитениот народ, да застане на страната на комитите и да го потпише писмото со кое барањата на ВМРО ќе бидат исполнети.

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img