Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

МНР за случајот со косовската претседателка: Побарани се информации од надлежните институции, ќе се преземат мерки во иднина да се избегнуваат вакви ситуации

03.08.2024 21:45
Сподели

Скопје, 3 август 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија излезе со став по повод протестната нота од Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, во којашто се бара целосно објаснување во врска со настанот на Скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи. Македонското Министерството побарало информации од надлежните институции и по анализата на собраните податоци ќе преземе мерки, со цел, како што соопшти Министерството, во иднина да се избегнат вакви ситуации.

-Република Северна Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје, стои во соопштението на Министерството.

Оттаму напоменуваат дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции.

Банер Банер BrandEcho

-Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации, стои во реакцијата на Министерството.

Македонското МВР во четвртокот вечерта соопшти дека обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши им се заканувало на вработени во ТАВ кои побарале од претседателката на Косово, Вјоса Османи да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. Како соопшти МВР, додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

Ad image

-По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР додавајќи дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Од ТАВ Македонија соопштија дека одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапило во рамките на своите овластувања и спровело стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП – салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците. Оттаму категорично ги отфрлаат наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка при прегледот во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Кабинетот на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, во четвртокот преку соопштение демантираше каква било вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром, за кој што, велат, пренесуваат одредени медиуми. Гаши, пак, во изјава за медиуми вчера кажа дека „интервенирал да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент, и мислам дека се заврши како што треба“. Вели дека ако некој ги пречекорил своите овластувања, секако ќе треба да одговара.

Претседателството на Република Косово вчера преку соопштение до јавноста изразило огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром. Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност.

Од Неда Димова-Прокиќ/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Одбележување на Детската недела во рамки на „Гевгелија град на култура за 2025 година“ од 6 до 10 октомври

Петровска: Заминувањето на Таравари ја разоткрива слабоста на владината коалиција

Објавен Конкурсот за упис на студенти на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

„И јас и ти сме пешаци“, превентивна активност на СВР Куманово

Доделени наградите на 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Зимското сметање на времето стартува викендов!

Македонија

ЦУК ја објави листата со штети по вчерашното невреме во Скопје

Македонија

(ВИДЕО) Коментаторот на РТС со треперлив глас ја најави минутата молк за Кочани, Црнчевиќ и поранешните фудбалери

Хроника

Терористичка ќелија разбиена во Скопје: оружје, пари и план за одмазда

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?