Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и ЕкономијаМакедонија

На аеродромот во Скопје реализиран првиот лет на „AJet“ од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул

13.07.2024 15:50
Сподели

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) – На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа патниците од првиот лет на турската нискобуџетска авиокомпанија „AJet“ која е подружница на Turkish Airlines.

AЈet ќе сообраќа на оваа редовна авиолинија од скопскиот аеродром со четири неделни фреквенции, или секој понеделник, четврток, сабота и недела. Времето на поаѓање од аеродромот Сабиха Гокчен е во 11:30 часот, а времето на пристигнување на скопскиот аеродром во 13 часот, додека поаѓањето од Меѓународниот аеродром Скопје е во 14 часот, а времето на пристигнување на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул е во 15:30 часот.

Авиобилетите се во продажба на веб сајтот на AJet.

Банер Банер BrandEcho

Оваа авиокомпанија сообраќа на домашни летови и меѓународни летови до Северен Кипар, Западна Европа и Западна Азија од нејзината база на Меѓународниот аеродром Сабиха Гокчен.

– Воведувањето на оваа нова редовна авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје што го поврзува Скопје со Истанбул, на која лета AJet, е значајна пресвртница во стратегијата за проширување на AJet, по преземањето и започнувањето со операции од скопскиот аеродром до Бодрум и Анталија, во јуни, со што се зајакнува поврзаноста меѓу Турција и Северна Македонија. Покрај тоа, оваа авиолинија ги подобрува можностите за патување меѓу Скопје и Истанбул, велат од ТАВ Македонија.

Според генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, со оваа нова редовна линија од Скопје до Истанбул и обратно се збогатува понудата на ТАВ Македонија за патување.

Од авиокомпанијата AJet, пак, велат дека со оваа нова авиолинија не само што ги зајакнуваат врските меѓу двете земји, туку и им понудат и повеќе опции за патување на нивните клиенти.

– Оваа нова авиолинија не само што ги зајакнува врските меѓу нашите две земји, туку и ја поддржува нашата цел да им понудиме повеќе опции за патување на нашите патници. Во AJet, остануваме посветени на обезбедување прифатлива услуга и постојано подобрување на патничкото искуство за нашите клиенти, вели Керем Сарп, главен извршен директор на AJet.

Според информациите на ТАВ Македонија, во првата половина од годинава на двата аеродроми во земјава опслужени биле 1.458.299 патници што значи пораст од девет проценти споредено со истиот период лани. Во однос на бројот на летови, во првите шест месеци од годинава реализирани се 11.843 летови, или 15 проценти повеќе во однос на лани.

Од Билјана Анастасова-Костиќ/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка

„Несреќо, Мицкоски“ – жестока пресметка меѓу Арсовска и премиерот околу ѓубрето во Скопје

Кичево и Пустец: Нови мостови на пријателство и соработка

Билатерална средба помеѓу Спасовски и Бала во Тирана

Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Средба на градоначалникот Владко Грозданов со амбасадорката на Холандија Узлем Џанел

Македонија

Студено утро низ цела Македонија, викендот носи нов бран заладување и снег

Македонија

МВР: Над 252.000 парчиња пиротехника запленети во 2025 – „Пиротехниката не е забава, туку сериозна опасност“

Хроника

Едно лице повредено во пукање во населба Ченто

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?