Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Над 16 милиони евра потрошени за 10 дена: Кој и за што ги дели јавните пари?

25.12.2025 17:54
Сподели

Во последните десет дена, државните институции и јавните претпријатија склучиле низа значајни договори за јавни набавки, чија вкупна вредност надминува 16 милиони евра, покажуваат податоците од системот за јавни набавки.

Највредниот договор е склучен од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, и изнесува 295 милиони денари или околу 4,8 милиони евра, за градежни работи.

Втор по вредност е договорот на АД ЕСМ – Електрани на Северна Македонија, кој со компанијата „Зимак Стретен“ од Битола склучил договор од 147 милиони денари (околу 2,39 милиони евра) за набавка на гумени транспортни ленти за потребите на РЕК Битола.

Банер Банер BrandEcho

Министерството за одбрана се појавува со два високи договори, секој со вредност од околу 105 милиони денари (по околу 1,7 милиони евра). Првиот е за набавка на мазут М-1 НС од компанијата „Супертрејд“ – Скопје, а вториот за екстра лесно масло за домаќинство од „Пуцко Петрол“ – с. Пласница.

Во делот на локалната самоуправа, Општина Кочани склучила договор од 62,2 милиони денари (над 1 милион евра) со компанијата „Жикол“ од Струмица за изградба на дел од атмосферската канализациона мрежа во градот.

Значаен договор е реализиран и од ЈЗУ Клиника за детски болести, која за 49,3 милиони денари (околу 802 илјади евра) набавува хормон за раст и инхалациона терапија од компанијата „Еуро-Фарм“ – Битола.

Министерството за внатрешни работи склучило договор со „Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп“ во износ од 45 милиони денари (над 730 илјади евра) за услуги за осигурување.

Во областа на дигитализацијата, Управата за јавни приходи, преку Министерството за финансии, реализирала набавка од 36,2 милиони денари (околу 589 илјади евра) за хардвер и софтвер за модернизација и зајакнување на ИТ инфраструктурата, со фирмата „Коммпакт Технолоџис“ – Скопје.

Меѓу поголемите договори е и оној на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, кој за 35,4 милиони денари набавува електрична енергија од ЕВН Македонија, како и договорот на Општина Неготино од 33,4 милиони денари за изградба на кружен тек кај семафорите на улицата „Маршал Тито“, склучен со компанијата „Градба Промет“ – Кавадарци.

Податоците покажуваат дека најголем дел од средствата се насочени кон инфраструктура, енергија и снабдување на јавниот сектор, што традиционално претставува најголем дел од јавната потрошувачка на крајот од годината.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Москва: Американските компании загубија 300 милијарди долари со напуштање на рускиот пазар

Инфлацијата во Русија опаѓа: Нови податоци покажуваат 7.37%

Откриено големо наоѓалиште на гас и нафта

Тајван: Економски бум или само илузија?

Occidental Petroleum на продажба: 9,7 милијарди долари за нова стратегија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Крај на ерата: Последниот ко-фондационер на Илон Маск ја напушта xAI

Бизнис и Економија

Индустријата „кочи“ – пад во сите клучни сектори

Бизнис и Економија

Кина: Новиот глобален финансиски гигант

Бизнис и Економија

Кина воведува забрана за извоз на нафтени деривати: Како конфликтот на Блискиот Исток влијае на глобалниот пазар?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?