Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Не тргнувајте на пат без зимска опрема – од денеска е задолжителна!

15.11.2025 08:40
Сподели

Од денеска официјално стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за сите моторни возила, мерка што ќе важи до 15 март следната година. Надлежните апелираат возачите навреме да ги подготват своите возила за зимски услови, со цел да избегнат казни, но и да придонесат кон побезбедно возење во услови на снег и мраз.

Според правилата, возилата до 3.500 килограми мора да бидат опремени со зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од најмалку 4 милиметри, или пак со летни гуми со иста минимална длабочина, но во тој случај возачите задолжително мора да носат синџири за снег.

За возила со погон на сите тркала (4×4), пропишана е длабочина на шарата од најмалку 6 милиметри за зимските гуми, или пак најмалку 4 милиметри за летните, повторно со задолжително носење синџири.

Банер Банер BrandEcho

Возилата над 3.500 килограми мора да користат зимски гуми со длабочина од 6 милиметри на погонските тркала, или алтернативно летни гуми со минимум 4 милиметри, со задолжително користење или носење синџири за снег.

Покрај ова, автобусите и товарните возила кои немаат можност да користат синџири, мора да имаат со себе прирачен алат, како што е лопата, за да можат да реагираат во услови на снег и замрзнат пат.

Надлежните институции потсетуваат дека контролите ќе бидат засилени, особено на планинските превои и критичните делници, и дека санкциите за непочитување на обврските се значителни. Возачите се повикуваат навреме да ја подготват зимската опрема и да ги проверат гумите пред да се вклучат во сообраќајот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Јакимовски: Од блокирана сметка до финансиски стабилна општина со рекорден приход

Активни седум пожари, прогласена кризна состојба, ангажирани Армијата и полицијата

Герасимовски на прес-конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар

Тридневна жалост во Македонска Каменица по смртта на Симона Каранфиловска

ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Претрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, определен притвор за дилерот

Македонија

Габриела Илиевска се кандидира за градоначалник на Битола

Македонија

Внимание! Сообраќајот на патот Никфорово – Леуново – Бунец целосно прекинат поради снег и паднати дрвја

Македонија

Портокалова фаза на територија на цела држава, Владата со препораки за превенција

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?