Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

„Несреќо, Мицкоски“ – жестока пресметка меѓу Арсовска и премиерот околу ѓубрето во Скопје

24.09.2025 13:02
ФОТО: skopje.gov.mk
Сподели

Жестока политичка пресметка меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за натрупаното ѓубре во главниот град, изјави дека „десет пати се извинил што ја поддржал кандидатурата на Арсовска во 2021 година“ и дека таа грешка „никогаш нема да ја повтори“.

Нејзиниот одговор не доцнеше. „Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си,“ напиша Арсовска на својот фејсбук профил, обраќајќи се директно до премиерот.

Банер Банер BrandEcho

Во продолжение, таа го обвини за блокада на сите проекти на Градот:
„Мицкоски, несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на Советот на Град Скопје и твоите советници четири години го блокираа и урнисаа градот. Не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за чистење на ѓубрето, ни за нови пожарникари и противпожарни возила.“

На тврдењето на Мицкоски дека „ќе има одговорност со име и презиме“ за состојбата со затрупаното ѓубре, Арсовска возврати дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ се директно виновни: „Ако сакаше да има одговорност, требаше твоите советници да дадат оставка, за да сега ти заедно со нив не си директно одговорен за хаосот во Скопје.“

Пресметката меѓу премиерот и градоначалничката ја отвори уште еднаш темата за хаотичната состојба со комуналната хигиена во главниот град и политичката блокада што трае цел мандат.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Започнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Три малолетнички нападнаа 15-годишно девојче во Карпош

Дел од Скопје, Битола, Куманово и Делчево денеска без струја

Каракашев: Производната цена на пченицата чини неполни 14 денари, не сме задоволни

Вработен во казино од Кочани осомничен дека проневерил над 330 илјади денари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд

Локално

Ѓорче Петров: Темелни контроли на угостителските објекти

Локално

Новиот заменик градоначалник на Гостивар: Кој е тој и што носи?

Македонија

Сообраќајната полиција доби нови возила

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?