Облачно со дожд, на планините снег – од недела врнежите ќе се засилат

Денес низ земјава ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места се очекува мешавина од дожд и снег, а на планините врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 8 до 13 степени.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд.
Утринската температура ќе се спушти до 5 степени, а дневната ќе достигне околу 10 степени.

И во наредните денови продолжува нестабилното време со повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе паѓа снег.

  • Во недела се очекуваат пообилни врнежи, кои на некои пониски места може да преминат и во снег.
  • Од понеделник ќе следува постепено стабилизирање на времето, со посвежи утра, но со пораст на дневните температури.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава