Планирани и непланирани прекини на струја – проверете дали сте на листата

Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 30 јануари 2026 година, на повеќе локации низ државата ќе има планирани и непланирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради технички интервенции и непредвидени дефекти на мрежата.

Непланирани прекини

Поради дефекти, без електрична енергија се следните подрачја:

  • Алдинци – Црвена Вода, Алдинци, Китка, Палиград и Солунска Глава
  • Зелениково – Дејковец и Добрино
  • Кочани – Горни и Долни Подлог, Мојанци, Тракање, Бања, Нивичани, Пантелеј и Рајчани
  • Охрид – Мешеишта, Волино и Оровник

Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Планирани прекини (30.01.2026)

Скопје

  • Шуто Оризари: ул. „Македонско Косовска Бригада“ (кон подвозникот кај Визбегово) – од 09:00 до 15:00 и ул. „Индира Ганди“ (покрај пруга, кај подвозникот) – од 09:00 до 15:00
  • Карпош: дел од ул. „Фјодор Достоевски“ – од 09:00 до 15:30

📍 Куманово

  • населба Бабин Дол – од 08:15 до 14:30
  • населба Карпош (Маџорово Трло) – од 08:30 до 15:00
  • населба Карпош (кај ресторан „Хавана“) – од 08:30 до 15:00

📍 Кочани

  • ул. „13 Македонска бригада“, „50 Македонска дивизија“ и „3 Македонска бригада“ – од 09:00 до 15:00

📍 Неготино

  • ул. „Маршал Тито“ бр.128, влез 4 (над Стара Комерцијална банка) – од 09:00 до 13:00

📍 Кавадарци

  • ул. „Максим Горки“ и ул. „Пелагонија“ – од 09:00 до 14:00

📍 Живојно

  • дел од селото – од 09:00 до 15:00

📍 Охрид

  • ул. „Радојца Новичиќ“ (кракот пред 28-ми Април кон оранжериите) – од 10:00 до 15:00
  • ул. 130 (реонот од оранжериите кон црквата „Св. Тројца“) – од 10:00 до 15:00

📍 Маврови Анови

  • дел од корисниците од ТС „Македонија Пат“ – од 10:00 до 14:00

📍 Прилеп

  • Маркова Чешма, Поводеници и Над Езеро – од 08:00 до 12:00

📍 Велес

  • селата Лавчани, Карабуниште и Бузалково – од 09:30 до 11:30
  • Железничка станица „Рајко Жинзифов“ и антените на А1 – од 09:30 до 11:30
  • селата Раштани, Сливник, Рлевци, Бреза, Белештевица и СЛП – од 09:30 до 11:30

📍 Тетово

  • дел од град Тетово – населба Дреновец, во близина на „Кипер Маркет“ – од 09:30 до 13:45

ЕВН апелира до граѓаните да ги планираат своите обврски согласно најавените прекини и се извинува за можните непријатности.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава