Петровска: Заминувањето на Таравари ја разоткрива слабоста на владината коалиција

Излегувањето на Алијансата за Албанците од владината коалиција открива сериозни слабости во функционирањето на актуелната власт и е уште еден доказ за неисполнетите ветувања кон граѓаните, изјави пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Наводите на Таравари за неговото незадоволство поради неисполнети ветувања само го потврдуваат она што ние одамна го зборуваме – оваа влада нема капацитет ни сопствените ветувања да ги исполни. Отсуствува дијалог, нема почит меѓу коалиционите партнери, а ветувањата останаа само на хартија,“ изјави Петровска.

Таа нагласи дека СДСМ, но и граѓаните, се загрижени поради назадувањето во клучните реформски процеси, особено во однос на евроинтеграцијата на државата.

„Европската интеграција не само што не е приоритет, туку речиси воопшто не е на агендата на оваа влада. Додека Албанија веќе активно чекори кон ЕУ и ќе биде дел од проширувањето во 2030 година, кај нас, освен неколку добро срочени изјави, не гледаме ниту еден конкретен чекор,“ истакна Петровска.

Таа потсети дека пред изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавуваше конкретен план за напредок, но по една година – резултатите изостануваат.

„Очигледно е дека планот бил да се заборават ветувањата. По една година, ниту реформи, ниту напредок – само политички маневри,“ заклучи Петровска.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава