ПЛАНИРАЈТЕ НАВРЕМЕ Неработните денови во 2026 година

Владата ја објави програмата за неработни денови за 2026 година, согласно Законот за празниците на Република Македонија. Во текот на годината, граѓаните ќе имаат повеќе државни и верски празници кои ќе бидат неработни, како и дополнителни слободни денови за припадниците на различните верски и етнички заедници.

Неработни денови за сите граѓани

Во 2026 година, за сите граѓани неработни ќе бидат следните празници:

  • 1 јануари (четврток) – Нова година
  • 7 јануари (среда) – Божик (православен)
  • 20 март (петок) – Рамазан Бајрам
  • 13 април (понеделник) – Велигден (втор ден, православен календар)
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот
  • 25 мај (понеделник) – „Св. Кирил и Методиј“ (поради тоа што 24 мај паѓа во недела)
  • 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (2 август е недела)
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (11 октомври е недела)
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“

Празници за припадниците на верските заедници

За граѓаните од православна вероисповед, неработни ќе бидат:

  • 6 јануари (вторник) – Бадник
  • 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
  • 10 април (петок) – Велики Петок
  • 29 мај (петок) – Духовден
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 6 април (понеделник) – Велигден (втор ден)
  • 1 ноември (недела) – Сите светци
  • 25 декември (петок) – Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 27 мај (среда) – Курбан Бајрам

Неработни денови за припадниците на заедниците

Дополнителни неработни денови се утврдени и за припадниците на етничките заедници:

  • 22 ноември (недела) – Ден на албанската азбука
  • 27 јануари (вторник) – Свети Сава (српска заедница)
  • 8 април (среда) – Меѓународен ден на Ромите
  • 23 мај (сабота) – Национален ден на Власите
  • 21 септември (понеделник) – Јом Кипур (еврејска заедница)
  • 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците
  • 21 декември (понеделник) – Ден на настава на турски јазик

Надлежните институции потсетуваат дека неработните денови се однесуваат исклучиво на граѓаните на кои се однесува конкретниот празник, додека за останатите важи редовен работен режим.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава