Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Полицаец од Струмица осомничен дека задржал 500 евра за себе, МВР поднесе кривична пријава

15.04.2026 07:13
ФОТО: МВР
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава по брза постапка против К.Ш., вработен како полицаец во Полициската станица за општа надлежност Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“.

Како што соопшти МВР, против пријавениот веќе се определени и мерки на претпазливост од страна на судија во претходна постапка.

Според наводите, случајот се однесува на настан од 11 април 2026 година околу 9 часот, кога полицаецот, постапувајќи по пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад, наместо службено да го процесуира предметот, наводно посредувал меѓу страните за негово „мирно решавање“.

Ad image

Притоа, како што се наведува, тој неовластено побарал исплата на пари, при што било договорено пријавителот да му исплати 1.000 евра на оштетениот за да се откаже од пријавата. Потоа, според пријавата, полицискиот службеник самоволно ја зголемил сумата за уште 200 евра, образложувајќи ги како наводни трошоци за постапката.

Банер Банер BrandEcho

Од вкупно договорените 1.200 евра, на оштетениот му биле предадени 700 евра, додека преостанатите 500 евра полицаецот ги задржал за себе, стекнувајќи противправна имотна корист, наведуваат од МВР.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола најави и поднесување предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и изрекување задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Барале извод од венчани, добиле извод од умрени

Конституиран новиот совет на Општина Карпош

Значаен пораст на странски туристи во мај – домашниот туризам со благ пад

Од среда стабилно време со ниски утрински температури, а дневните во пораст

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадри по заминувањето на Таравари од Владата

Македонија

Гужвите на Табановце продолжуваа – еден патен правец затворен за сообраќај

Македонија

Видео од реконструираниот Споменик на слободата во Кочани

Локално

Делчево: Создаваме новогодишна приказна. Започна новогодишното украсување на градот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?