Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С. (40) од Гостивар поради сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.
Според информациите од полицијата, на 26 септември 2025 година пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од свој братучед, но наместо да го врати, го продал на лице од Скопје за сума од 4.500 евра.
Со ова, како што се наведува во пријавата, ја злоупотребил довербата и противправно присвоил туѓ имот.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


