Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Пратениците ќе ја разгледуваат потребата за носење на измените на Законот за урбанистичко планирање, како и други закони во прво читање

12.08.2024 07:09
Сподели

Скопје, 12 август 2024 (МИА) – Собранието денеска ќе ја започне 12. седница на која на дневен ред се 34 точки, меѓу кои, и ребалансот на Буџетот и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Пратениците од Левица најавија дека ќе бараат измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, да биде повлечен и за него да се организира јавна расправа. Реакција за законот изминатиов викенд имаше и од О2 Иницијативата.

На веб – страната на Собранието на предложениот дневен ред е наведено дека е повлечен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, по скратена постапка, а пратениците ќе ја разгледуваат Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Банер Банер BrandEcho

На предложениот дневен ред на 12-та пленарна седница се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, двата во прво читање.

Во прво читање се и Предлог-законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог-законот за изменување на законот за прекинување на бременоста, Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството, Предлог-законот за изменување на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог-законот за изменување на Законот за ментално здравје, Предлог-законот за изменување на законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог-законот за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија. Најголем дел од овие закони се предложени со цел усогласување со Законот за прекршоци.

Ad image

На дневен ред на 12. седница се и повеќе предлог измени и дополнувања на законите од областа на културата, сообраќајот,  шумите, ловството, спортот,…, кои треба да се донесат по скратена постапка, како и Предлог-просторниот план на Национален парк Пелистер 2016-2030.

Собранието треба да ги разгледа и предлог-законите за прогласување на Kањонот Матка и на Охридско Езеро за споменици на природата, како и на Студенчишко Блато за Парк на природата.

Од Елизабета Велјановска-Најдеска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

МВР објави видео од гаснењето на пожарот кај СЦ Борис Трајковски – девет полициски службеници завршија на токсикологија

ДКСК: Средба со амбасадорите на Франција и Германија

СДСМ: Изјавите на Мицкоски за растот на платите се навредливи за граѓаните

Нема да има исклучување на струја поради сиромаштија – новиот Предлог-закон за енергетика обезбедува заштита за ранливите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Сиљановска-Давкова: Време е жените да водат во глобалните напори за мир

Хроника

Возило излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот

Локално

Бесплатно летување во Охрид за најдобрите млади спортисти од Кисела Вода

Македонија

Нова истрага за проневера во прилепската болница

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?