Претрес во ќелија заврши со кривична пријава

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К. (39) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, на 23 ноември 2025 година, во Казнено-поправната установа „Идризово“, полициски службеници извршиле претрес врз пријавениот, кој е осудено лице.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.

По документирањето на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава