Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Се одржа работна средба меѓу бизнис-заедницата и Општина Делчево

17.02.2026 09:55
Сподели
Со присуство на голем број претставници од бизнис-секторот, денеска во Делчево се одржа првата работна средба меѓу Општина Делчево и бизнис-заедницата од градот. Средбата беше на иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, а целта е унапредување на соработката и зајакнување на односите помеѓу бизнис– секторот и Општина Делчево во насока на креирање на идниот развој на Делчево.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека општината претставува мост меѓу компаниите и централната власт и од таа причина е потребна интензивна меѓусебна соработка за да создадеме поволна деловна средина со можност за директна комуникација, вмрежување и подобро информирање за можностите за соработка.

– Денешната средба со бизнис– заедницата беше исклучително значајна и за мене лично претставува големо задоволство, пред сè поради големата заинтересираност и присуството на голем број бизнисмени – луѓе кои секојдневно вложуваат, работат и директно придонесуваат за економскиот развој на Делчево. Овој одзив е јасен сигнал дека постои желба за дијалог, соработка и заедничко креирање на иднината на нашиот град, нагласи Гоцевски.

На средбата беше детално образложен новиот Генерален урбанистички план, како стратешки документ што ја поставува визијата за понатамошниот просторен и економски развој на општината, план со кој се создаваат услови за нови инвестиции, проширување на индустриските и деловните зони, подобрување на инфраструктурата, отворање нови работни места и унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани.

Банер Банер BrandEcho

Градоначалникот Гоцевски најави формирање работно тело за локален економски развој кое ќе има активна улога во предлагање идеи, иницијативи и конкретни предлози што директно ќе се претвораат во проекти и дела од интерес на општината.

–Посебно внимание посветив на потребата да го задржиме младиот кадар и потенцијал во нашата земја, а пред сè во нашиот роден град Делчево. Верувам дека преку здрава економија, нови инвестиции и перспективни работни места, можеме да им дадеме реална причина на младите да останат и да ја градат својата иднина тука. Како градоначалник, останувам целосно посветен на отворена комуникација, транспарентна работа и заедничко носење одлуки, затоа што верувам дека само заедно можеме да изградиме модерно, економски стабилно и урбанистички уредено Делчево, истакна Гоцевски.

Во Општина Делчево во април оваа година ќе се одржи првиот Бизнис – форум кој треба да ги обедини бизнис-идеите, претставниците на бизнис-заедницата, Општина Делчево и потенцијалите за развој на Делчево, а во месец август, кога голем број иселеници се враќаат во Делчево, ќе се одржи и вториот Бизнис-форум, со што оваа соработка ќе добие континуитет и ќе прерасне во силна платформа за идеи, партнерства и нови можности.

Извор:www.delcevo.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново утре без струја

Од Општина Маврово и Ростуше вчудоневидени и изненадеи за корупцијата во Општината

Општина Гевгелија продолжува да биде локална самоуправа со висок индекс на активна транспарентност

Градоначалничката Нацева: Клучот за напредок е во меѓуопштинската соработка

Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Гевгелија ја најавува новогодишната забава за заеднички дочек на 2026 година на Градскиот плоштад

ФОТО: Општина Аеродром
Локално

Привршува асфалтирањето на новопроектираната улица во Стар Аеродром

Локално

Делчево: Создаваме новогодишна приказна. Започна новогодишното украсување на градот

Локално

Општина Центар се вклучува во помош за екипите што интервенираат за гаснење на пожарите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?