СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј. (24) од Скопје поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „измама“, откако преку профил на социјалната мрежа Фејсбук наводно довела во заблуда четири лица од Тетово.
Според информациите од полицијата, во текот на 2025 и 2026 година, пријавената лажно прикажувала дека располага со станови за издавање под закуп и на тој начин им нудела сместување на заинтересирани лица.
Како што се наведува, четири лица од Тетово ѝ уплатиле пари како капар за кирија, но по приемот на паричните средства таа не ги обезбедила ветените станови.
Со ваквите дејствија, според пријавата, осомничената се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


