ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против трговско друштво од Кочани во својство на правно лице и против А.А. (34) од Кочани, како одговорно лице, поради основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Според пријавата, во текот на 2023 година, при реконструкција на постоечки легален објект, без одобрение за градење од надлежен орган, била извршена доградба со вкупна површина од 395,14 квадратни метри.
Како што се наведува, дел од доградениот објект бил изграден на земјиште во сопственост на правното лице, а дел и на државно земјиште.
Полицијата наведува дека доградениот објект бил ставен во функција и од 5 мај 2023 година се користел како угостителски објект, при што во него била вршена угостителска дејност и била остварувана имотна корист.
Бесправната градба, според информациите, била констатирана од градежен инспектор од Општина Кочани, со записник составен на 3 април 2026 година.



