Скопјанец тврди дека со месеци бил малтретиран, нападната била и неговата внука

Педесет и тригодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил изложен на закани по животот и физички напад од лице кое, според наводите, подолг период го малтретирало и неговото семејство.

Како што информираат од полицијата, на 23 април 2026 година во 16 часот, во СВР Скопје, 53-годишникот пријавил дека претходниот ден, на 22 април околу 8 часот, во неговиот дом дошол Д.В., сопруг на неговата поранешна снаа.

Според пријавеното, истиот ден претходно Д.В. физички го нападнал пријавителот, а потоа му упатил и закани по неговиот живот.

Во пријавата се наведува и дека лицето неколку месеци наназад го малтретирало пријавителот, а физички ја нападнало и неговата внука.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели ја оваа објава